Генерал-мајор Павле Арсоски
Генерал-мајор Павле Арсоски е роден 1967 година во Гостивар, а детството го поминува во Сисак, Хрватска. Воената гимназија ја завршува во 1986 година во Загреб, Хрватска, а Воена академија на копнената војска, во Белград, Србија и Задар, Хрватска. Дипломира во 1990 година.
Воената кариера ја започнува во поранешната Југословенска народна армија во Словенија. Во јули 1991 година се става на располагање на Секретаријатот за народна одбрана на Република Македонија. Во Армијата е од првиот ден на нејзиното формирање. Во текот на неговата богата војничка кариера, извршува бројни командни и штабни должности, во повеќе гарнизони. Командир на вод е во гардиската бригада во Скопје, командир на чета, заменик командант на баталјон и командант на пешадиски баталјон во Тетово, началник на С-3, началник на штаб и командант на Полкот за специјални операции, командант на 1. механизирана пешадиска бригада, заменик Командант на Здружената оперативна команда, од каде во мај 2018 година е поставен на сегашната должност.
Военото образование го надоградува во 2003 година со постдипломски студии за командни и штабни должности во Скопје, Р. Македонија, а продолжува во 2011 година на Ратната школа „Бан Јосип Јелачиќ“ во Загреб, Хрватска. Во текот на професионалната кариера, генерал-мајорот Арсоски завршува повеќе курсеви и обуки од кои позначајни се Курсот за команданти на баталјони и стажирање во СР Германија, Kурсот за лидери на 21-ви век во Џорџ Маршал центарот во Германија, Курсот за воен менаџмент и донесување на одлуки, јазични обуки, Обуката за воени аташеа и експерти за меѓународна комуникација и Курсот за генерали и амбасадори во Одбранбениот колеџ на НАТО во Рим, Италија. Цивилното образование го продолжува со магистерски студии по воена историја на Институтот за национална историја при Универзитот Свети Кирил и Методиј во Скопје, а во тек се неговите докторски студии на истиот Институт.
За исклучителните резултати од извршувањето на должностите говорат и бројните награди, пофалници и признанија. Вонредно е унапреден во повисок чин во 2001 година. Во текот на својата плодна кариера, генерал-мајорот Арсоски беше активно вклучен во работа на повеќе проекти, процеси, стандарди, процедури, планови и програми во изградбата на Армијата, од нејзиното формирање до денес.
Во слободно време генерал-мајор Арсоски ја проучува воената историја, класичната литература, хералдиката и хорологијата. Потпретседател е на Здружението Клуб на генерали и секретар на Македонското грбословно друштво со титула Хералд Еригонски. Активно се бави со спорт, а голем љубител е на драмската и ликовната уметност, балетот и операта. Генерал-мајорот Арсоски е во брак од 1990 година со Елизабета Арсоска и родител е на две деца. Зборува англиски и германски јазик.
Претходни должности:
- Командир на вод во гардиска бригада, Скопје, 1992-1993;
- Командир на чета, Тетово, 1993-1997;
- Заменик на командант на 1. пешадиски баталјон, Тетово, 1997-2000;
- Командант на 1.пешадиски баталјон, Тетово, 2000-2003;
- Началник на С-3, Команда на пСО, 2003-2008;
- Началник на Штаб на пСО, 2008-2012;
- Командант на пСО, 2012-2013;
- Командант на 1 механизирана пешадиска бригада, 2013-2015;
- Заменик на командантот на ЗОК, 2015;
- Командант на здружена оперативна команда, 2018.
Унапредувања:
- Потпоручник 1990;
- Поручник 1991;
- Капетан 1995;
- Капетан на 1 класа 1999;
- Мајор 2001;
- Потполковник 2006;
- Полковник 2010;
- Бригаден генерал 2013;
- Генерал-мајор 2018.
Бригаден генерал Орце Јордев
Бригаден генерал Орце Јордев е роден во 1972 година во Кичево. По завршување на основното и средното образование во родниот град, продолжува со воено образование на Воена Академија во Загреб, Белград и Скопје.
Воената кариера ја започна во специјалните единици како Командир на вод во против терористичка чета каде 23 години со развојот на единицата се развива и неговата кариера. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски, штабни и командантски должности на ниво баталјон, полк- бригада, а од 2019 година со Указ на Врховниот Командант е поставен за Заменик командант на Здружена оперативна команда односно Заменик командант на Командата за операции.
Своето воено образование го надградува на Командно штабна академија во текот на 2004- 2006 година во Истанбул, Турција каде што заврши и Школа за национална одбрана во текот на 2015 година.
Има завршено повеќе курсеви во повеќе образовни центри во земјата и во странство, како курсевите за специјални единици, за тактика на мали единици, за алпинизам, за работа во штабови и команди, за планирање на вежби, за комуникација во кризи итн. Учествува на повеќе воени вежби на специјални единици и единици на копнена војска во земјата и странство.
Во досегашната служба честопати добива пофалби, награди и признанија за афирмација, унапредување и усовршување на Армијата, меѓу другото е одликуван со Медал за храброст од Претседателот на Република Македонија во 2011 година, Златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка, Златна, Сребрена и Бронзена значка за придонес кон Армијата, Бронзена значка за 10 години и Сребрена значка за 20 години служба во Армијата. Активно го користи англискиот и турскиот јазик. Оженет, татко на две деца.
Претходни должности:
- Командир на вод во Против терористичка чета од 1995-1996;
- Командир на тим во Против терористичка чета од 1996-1998;
- Заменик командир на диверзантска чета од 1998-1999;
- Командир на Против терористичка чета од 1999-2001;
- Офицер за операции во баталјон за Специјални Намени од 2001-2002;
- Началник на С-3 во баталјон за Специјални Намени од 2002-2003;
- Заменик на командантот на баталјон за Специјални Намени од 2003-2006;
- Командант на баталјон за Специјални Намени од 2006-2012;
- Заменик командант на полк за Специјални Операции од 2012-2015;
- Командант на полк за Специјални Операции од 2015-2018;
- Началник на Штаб во Здружена Оперативна Команда од 2018-2019;
- Заменик на командантот на Здружена Оперативна Команда, од 2019.
- Заменик на командантот на Команда за Операции, од 2019.
Унапредувања:
- Потпоручник 1995-1996;
- Поручник 1996-1999;
- Капетан 1999-2001;
- Капетан 1 класа 2001-2003;
- Мајор 2003-2007;
- Потполковник 2007-2012;
- Полковник 2012-2016;
- Бригаден генерал 2016.
бригаден генерал Мирче Ѓоргоски
Дата и место на раѓање:
07.11.1966, Охрид, Република Македонија.
Образование:
- 1981, Основно училиште, Охрид;
- 1985, Воена гимназија, Белград;
- 1989, Воена академија на КоВ, Белград;
- 1999, Курс по германски јазик, Центар за странски јазици на Германскиот Бундесвер, Хирт, СР Германија;
- 2000, Курс за офицер за огнена поддршка – Артилериско училиште на Германскиот Бундесвер, Идар – Оберштајн, СР Германија;
- 2000, Курс за командант на артилериски баталјон – Артилериско училиште на Германскиот Бундесвер, Идар – Оберштајн, СР Германија;
- 2001, Курс за лидери на 21. век, „Џорџ Маршал“ Европски центар за безбедносни студии на САД – Гармиш П. Кирхен, СР Германија;
- 2001, Курс за офицер за односи со јавноста – Шпиз, Швајцарска конфедерација;
- 2002, Курс за цивилно-воени односи во мировни операции – Персонов Центар за поддршка на мирот – Нова Шкотска, Канада;
- 2004, НАТО ориентационен курс за штабни офицери, НАТО училиште, Оберамергау, СР Германија;
- 2005, ПДС-КШШ Воена Академија „Михаило Апостолски“, Скопје;
- 2006, „CJTF“ Курс, во организација на НАТО Мобилниот тренинг тим (МТТ) од Неапол во Скопје;
- 2010, Курс, „Стратегиска комуникација“ во ПзМ Центарот во Анкара, Република Турција;
- 2011, Курс „Тероризам и медиуми“ во НАТО Центарот за совршенство во Анкара, Република Турција;
- 2013, НАТО Одбранбен Колеџ (NDC), Рим, Република Италија;
- 2018, Програма за високо раководство во процесот на донесување на одлуки во одбраната, Морнаричка школа за постдипломски студии, Монтереј, САД.
Учество на позначајни семинари и вежби:
- 2001, Семинар за односи со јавноста во организација на НАТО (SHAPE) Букурешт, Романија;
- 2002, Семинар за воен протокол во организација на Американскиот контакт тим во Македонија, Скопје;
- 2003, Завршна вежба „Седум ѕвезди-2002“ Пловдив, Бугарија;
- 2006, Семинар за образование и обука на офицерите во RACVIAC центарот во Загреб, Р. Хрватска;
- 2006, Семинар „Однос помеѓу медиумите и безбедносниот сектор“ во RACVIAC центарот во Загреб, Р. Хрватска;
- 2007-2009, Учество на вежба „Македонски Блесок“;
- 2008, Семинар за односи со јавноста „Open up“ во Сплит, Република Хрватска;
- 2009, Учество на вежба на НАТО „Steadfast Joist“ во JFC Неапол;
- 2009, Учество на семинар за односи со јавноста во МО на Кралството Данска;
- 2017, Годишен семинар на високи офицери – Женевски центар за безбедносна политика, Швајцарија;
- 2018, Програма за стратешко лидерство, Академија за одбрана на Обединетото Кралство.
Воена кариера:
- Командир на вод;
- Командир на хаубичка артилериска батерија 105 мм;
- Командир на минофрлачка батерија 120 мм;
- Командир на Вод за обезбедување на Претседателот на Република Македонија;
- Заменик на командант на хаубички артилериски баталјон 105 мм;
- Офицер за протокол во кабинетот на Директорот на ГШ на АРМ;
- Командант на питомечки баталјон во Воената Академија;
- Офицер за планови во Одделението за планирање и интеграција на силите во Г3 на ГШ на АРМ;
- Началник на Канцеларија за односи со јавноста и портпарол на ГШ на АРМ;
- Аѓутант на Врховниот командант, 2015;
- Командант на 1.механизирана пешадиска бригада, 2016;
- Началник на Штаб во ЗОК.
Унапредувања:
- Потпоручник (1989)
- Поручник (1990)
- Капетан (1993)
- Капетан I класа (1997)
- Мајор (2002)
- Потполковник (2006)
- Полковник (2010)
- Бригаден генерал (2015)
Постигнати успеси во кариерата:
- Парична награда од командант на Корпус (во поранешната ЈНА);
- Пофалба од командант на бригада (во поранешната ЈНА);
- Пофалба од командант на бригада (во АРМ за најдобра единица во гарнизон Охрид);
- Наградно отсуство од командант на Корпус;
- Пофалба од Министер за одбрана;
- Наградно отсуство од НГШ на АРМ;
- Златна значка на АРМ;
- Сребрена значка за долгогодишна служба од МО.
Странски јазици:
- Англиски;
- Германски.
Брачна состојба:
Оженет и татко на 2 деца.
Контакт:
тел. + 389 31 474-013
факс: + 389 31 474-044
E-mail: mirce.gjorgoski@arm.mil.mk
mirce.gorgoski@morm.gov.mk
gjorgom@yahoo.com
Главен наредник Џемаил Демири
Главен наредник Џемаил Демири е роден во 1972 година во Скопје. По завршување на основното образование во ОУ Ѓорче Петров во Скопје во 1988 година продолжува со военото образование на средното воено училиште во СВШКоВ во Сараево, род артилерија од 1988 до 1992 година. Воената кариера ја започнува како Командир на одделение и вод во минофрлачка батерија 120 мм во гарнизон Тетово. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво чета, баталјон, бригада, оперативна команда, а од декември 2019 година е поставен за главен подофицер во Команда за операции. Има завршено повеќе курсеви од областа на лидерство меѓу кои: Напреден курс за подофицери во Форт Бенинг, САД во 2002 година, Курс за инструктори во Р. Македонија, “Техники на воена обука и инструкции” реализиран од БАХ во 2003 година, НАТО подофицерски ориентационен курс во Обермергау, Германија во 2005 година и Курс за обука за подофицери од мобилен тим за обука од Неапол во Велес, февруари 2006 година. Во надградувањето на военото образование има завршено Академија за Главен подофицер на ниво бригада и повисоко од јуни 2007 година до мај 2008 година во Академијата за главни подофицери во Форт Блис, Тексас, САД. Учесник е во првата мисија со одделение во Авганистан „ИСАФ-3“ во 2003 година, како и на НАТО/ПфП вежба „Cooperative Longbow/Lancer 12“ како Главен подофицер на мултинационален баталјон составен од 12 нации. Учествува како главен подофицер и на НАТО оценувањето на СПБГ на вежбата „Македонски Блесок – 9 и 10“. Активно го користи англискиот јазик и има солидно познавање на францускиот јазик.. Брачна состојба е оженет, татко на две ќерки и еден син.
Претходни должности:
- Командир на одделение и вод во мф батерија 120 мм во гарнизонот Тетово 1992 – 2001;
- Прв подофицер во мфб 120 мм 2001 – 2006;
- Прв подофицер во Центарот за индивидуална обука во Командата за обука во Велес 2006 – 2008;
- Главен подофицер во Командата за Обука во Велес 2008 – 2013;
- Главен подофицер во 1.мпбр 2013-2015;
- Подофицер за операции во Ј-3/ЗОК 2015- 2018;
- Главен подофицер во ЗОК 2018-2019;
- Главен подофицер во КО 2019
Унапредувања:
- Водник – 1992;
- Водник 1 класа – 1995;
- Постар водник 1998;
- Постар водник 1 класа 2001;
- Наредник 2006;
- Главен наредник – 2010.
Потполковник Часлав Стојмановски
Потполковник Часлав Стојмановски е роден во 1977 година во Куманово. По завршување на средното техничко училиште во Куманово продолжува со воено образование на Воената академија, „Михајло Апостолски“ во Скопје. Воената кариера ја започнува како Командир на вод во Куманово. Во досегашната кариера извршува повеќе командирски и штабни должности на ниво баталјон, бригада, оперативна команда, генералштаб, а од 2019 година е поставен за Офицер за односи со јавноста во Здружената оперативна команда. Има завршено повеќе курсеви од областа односи со јавноста, комуникациски вештини и работа со медиуми, CIMIC, НАТО курсеви, курсеви за изучување на странски јазици и курс за падобранци. Учествувал на повеќе вежби во земјата и странство и тоа: вежбите „Македонски Блесок 5, 6, 7 и 9“, „Trident Juncture 2015“ во Шпанија, и „Maple Arch 2019“ во Украина а во текот на 2010 година учествува во една ротација во мировната операција „ИСАФ“ во ИР Авганистан како Заменик на командант на контингентот. Повеќе пати е наградуван и пофалуван, меѓу кои позначајни се: 8 дена наградно отсуство од Министерот за одбрана во 2011 година, пофалници од командантот на ЗОК во 2008, 2015 и 2016 година и сребрена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка во 2019 година. Активно го користи англискиот јазик. Брачна состојба е оженет, татко на две деца,
Претходни должности:
- Командир на вод 2000-2005;
- Командир на штабен вод, ЗОК 2005-2008;
- Командир на вод 2008-2010;
- Заменик командант во контингент ИСАФ Авганистан 2010-2011;
- Командир на командна чета 2011-2012;
- Офицер за планирање и извршител за електронски медиуми 2012;
- Офицер за односи со јавноста во 1.мпбр 2012-2015;
- Офицер за меѓуармиска соработка во ЗОК, 2015-2019;
- Офицер за односи со јавноста во ЗОК, 2019.
Унапредувања:
- потпоручник 2000;
- поручник 2001;
- капетан 2008;
- мајор 2014;
- потполковник 2018.
Како Команда од оперативно рамниште, егзистира од почетокот на формирањето на АРМ на 01.04.1992 година како Армиски Корпус.
2019 година
- На 05.03.2019 година за Заменик на командантот на ЗОК е поставен бригаден генерал Орце Јордев, а за Началник на штаб е поставен полковник Бесник Емини.
2018 година
- На 01.01.2018 година, Претседателот на Р. Македонија, д-р Ѓорге Иванов ги посетија припадниците на АРМ во касарната „Чојлија“;
- Реализирани вежбите „Македонски Блесок 14“ и „Предизвик 2018“;
- На ден 31.01.2018 година, касарната „Боро Менков“ во Куманово ја посети министерката за одбрана г-ѓа Радмила Шекеринска;
- На ден 17.05.2018 година за Началник на штаб во ЗОК е поставен бригаден генерал Орце Јордев;
- На ден 22.05.2018 година за Командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Павле Арсоски.
2017 година
- Реализација на вежбите „Македонски Блесок 13“, „Здружена реакција 17“, „Dragoon Guardian 17“ и „Предизвик 17“.
2016 година
- Реализација на вежбата „Македонски Блесок 12“;
- На 1–ви декември на должност Командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Зоран Милески.
2015 година
- Реализација на вежбата „Македонски блесок 11“;
- На 18-ти август за командант на ЗОК е поставен бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, а за заменик на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски. За началник на штаб наместо бригаден генерал Стојан Димчов е поставен бригаден генерал Азим Нуредин;
- На 01.01.2015 година стапи на сила новата операција во ИР Авганистан под името „Одлучна поддршка“ и притоа дел од опремата (ОТ „Хермелин“) се вратени во Р. Македонија;
- На 20.08.2015 година со појавата на бегалската криза ЗОК даде поддршка на МВР со ангажирање на сили и средства од својот состав во делот на јужната граница на Р. Македонија со Р. Грција во поширокиот реон на Гевгелија.
2014 година
- Согласно одлуката за определување на денови на единиците на АРМ донесена од Претседателот и Врховен командант на вооружените сили, д-р Ѓорге Иванов, со воена свеченост се одбележа 11-ти Октомври – Ден на ЗОК, како носител на традициите на формирањето на штабот на Кресненското востание;
- Оценување на борбената готовност на командата, штабот и штабен вод на ЗОК;
- Реализација на вежбата „Македонски блесок 10“ и НАТО оценување НИВО-2 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ) и Лесната маневарска болница (ЛМБ);
- Учество на четата ОКСЕУБГ-2 на вежбата „Quick Lion“ во Кралството Белгија со оперативна готовност за употреба до 31.12.2014 година.
2013 година
- Реализација на вежбите „Македонски Блесок 09“, „Предизвик 2013“ и вежбата „Здружен отпор 2013“;
- Бригаден генерал Мухамед Рацај e поставен за Заменик на Командант на ЗОК, а за Началник на штаб е поставен бригаден генерал Стојан Димчов;
- На 1-ви јануари свечено е отворена касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп од страна на Претседателот на Р. Македонија, д-р Ѓорге Иванов.
2012 година
- Март, бригаден генерал Методија Величковски е поставен за Командант на ЗОК;
- На АП „Криволак“ е реализирана МПВ на тема „Огнена поддршка на артилериски единици“;
- Реализирана вежбата „Cooperative Longbow/Lancer 2012“ и НАТО оценување НИВО-1 на Средната пешадиска баталјонска група (СПБГ).
2011 година
- 04.2011 година, бригаден генерал Горанчо Котески e поставен за Командант на ЗОК;
- ЗОК се трансформира во нова организациско-формациска структура, согласно стандардите на НАТО организирана во секции од Ј-1 до Ј-9 и намален број на потчинети единици.
2010 година
- 01.2010 година, посета на Претседателот на Република Македонија и врховен Командант на вооружените сили на Република Македонија, Н.Е. г-дин Ѓорѓе Иванов, на командата на ЗОК.
2009 година
- Во текот на 2009 година една од позначајните активности беше планирањето и реализирањето на вежбата „Македонски Блесок 05“ при што е извршено самооценување НИВО-2, според Концептот за оперативни способности на декларираните единици од ЗОК.
2008 година
- Од 21.01.2008 година до 30.07.2008 за заменик на командантот на ЗОК поставен е бригаден генерал Насер Сејдини;
- 07.2008 година поставен е бригаден генерал Киро Галазовски.
2007 година
- 02.2007 година, во командата на ЗОК, за првпат по воспоставувањето на формациското место Главен подофицер во ЗОК, се започна со имплементација на Концептот за професионален развој на подофицерите во АРМ;
- Од 16. до 30.06.2007 година, НАТО НИВО-1 заедничка вежба „Македонски Блесок 2007“, вежбата е реализирана на АП „Криволак“ со припадниците на 1. мпбр и вооружените сили на Обединетото Кралство – Англија;
- Од 28.10. до 04.11.2007 година на АП „Криволак“, „Македонски Блесок-2“ НАТО, НИВО-1 помеѓу припадниците на вооружените сили на земјите членки на групата А-3-(Р. Македонија, Р. Хрватска и Р. Албанија), учество на инж. вод од 1. мпбр;
- Декември, за командант на ЗОК поставен е генерал-мајор Зоран Димов.
2006 година
- 03.2006 година, промовирана е Втората механизирана пешадиска бригада со трансформација на 2. пбр;
- 04.2006 година, промовиран е баталјонот за врски, кој според новата формација стана дел од ЗОК;
- 04.2006 година, на полигонот „Чојлија“ беше промовиран Оклопно-механизираниот баталјон Т-72, во составот на ЗОК;
- 04.2006 година, промовиран е артбн во Самооден хаубички артилериски баталјон 155 мм и истиот е дислоциран во гарнизонот Велес;
- На 07.09.2006 година, промовиран е Баталјонот на Воена полиција во касарната „Илинден” во Скопје, кој според новата формација стана дел од ЗОК;
- Од 10. до 23.09.2006 година, Заедничка вежба „Размена на мали воено полициски единици“, на АП „Криволак“, со единица на воена полиција на Националната гарда на Вермонт – САД.
2005 година
- 08.2005 година, промовирана е Здружена Оперативна Команда (ЗОК), дотогашната Командата на Копнената Војска се преструктуира во Здружена Оперативна Команда, во составот на ЗОК влегуваат ВИНГ и бПВО;
- Ноември, ЗОК e носител на мултинационалната вежба „Кооперативно здружување 05“, која се одржа во Скопје.
2004 година
- На местото заменик на командантот на ЗОК поставен е полковник Зоран Лековски.
2003 година
- 06.2003 година за командант на КоВ e поставен бригаден генерал Атанас Јовчевски;
- Јуни, започнување на мисијата во Ирак – „Слобода за Ирак“.
2002 година
- 05.2002 година се формира ККоВ на АРМ;
- Започнување на мисијата во Авганистан – ИСАФ со персонал од составот на ККоВ.
2000 година
- 10.2000 година се трансформира во Команда на 1.АК на АРМ.
Мисија:
Да ги подготви конвенционалните копнени и воздухопловни сили на Армијата за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и независноста на Републиката, со декларираните сили да учествува во операции за поддршка на мирот и превенција од конфликти и справување со регионални конфликти и кризи во операции предводени од НАТО, ООН, ОБСЕ, ЕУ, и други меѓународно договорени сојузи и да придонесува во заштита на пошироките интереси на Републиката.
Задачи:
- Подготовка на конвенционалните копнени и воздухопловни сили;
- Изведување на операции и давање на воена поддршка како земја домаќин на меѓународни сили на територијата на Републиката;
- Поддршка на силите на МВР во справување со закани, ризици и опасности по безбедноста на Републиката;
- Поддршка на органите на државната власт и единиците на локалната самоуправа;
- Подготовка на декларираните сили;
Достигнување на целосна интероперабилност и интероперативност со НАТО; - Планирање и изведување на обука според стандардите на НАТО;
- Асистенција на сигурноста на цивилните структури во однос на асистенција во случаj на природни катастрофи и во зачувување на виталната инфраструктура како земјотреси, пожари, поплави и останати кризни ситуации како на пример:
- Снадбување со храна на населението во планинските изолирани региони во зимскиот период, изведување на инжинериски работи во регулирање на речните корита, пошумување итн.