Поштенски Фах 5, 1000 Скопје, Македонија | тел/факс + 389 2 3131325 | mkd@mf.iaaf.org

 

почеток

за АФМ

документи

новости

клубови

календар

резултати

рекорди

галерија

контакт

 


 

 

 

 

 

Календар 2011

 

Македонските атлетичари-ки на “Павел Павлов“ во Софија

Атлетската федерација на Македонија по покана на организаторот испрати неколку атлетичари-ки кои ќе учествуваат на 4-от Меѓународен атлетски митинг “Павел Павлов“ кој ќе се одржи на 25 јуни во Софија (Бугарија).
Еве ги имињата и дисциплините на учесниците:
- Нојковски Марјан / ѓуле
- Павловски Огнен / 400 м. пречки, 800 м
- Кутановски Никола / 3000 м. стипл
- Милчевски Бојан / 800 м
- Ајдаров Ристе / 100 м, 200 м
- Ефремов Кристиан / 200 м, 400 м
- Јанковски Јованче / височина
- Рожман Ивана / 100 м, 200 м
- Ристеска Христина / 400 м


(23 јуни 2011)

 

ДП за младинци во Охрид

На 25 јуни во Охрид ќе се одржи Дрќавно првенство за младинци. Право на учество имаат атлетичари-ки родени 1992 година и помлади. Ќе биде дозволено учество и надвор од конкуренциј за сениорите-ки.
Се молат сите навремено да го пријават своето учество.
- известување до клубовите

- сатница

(22 јуни 2011)

 

Репрезнтацијата замина за Рејкавик на Европско екипно првенство, 3-та лига

Репрезентацијата на Македонија денес замина за Рејкјавик (Исланд) на 3-то Европско екипно првенство, 3-лига. Во состав на репрезентацијата се најдоа 14 атлетичари и 12 атлетичари кои на 18 и 19 јуни во 3-та лига ќе се натпреваруваат со уште 14 репрезентации. Првопласираните две репрезентации ќе изборат право следната година да се натпреваруваат во 2-лига.
Покрај Македонија во 3-лига се и Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, БиХ, Кипар, Грузија, Исланд, Израел, Луксембург, Малта, Молдавија, Црна Гора и Асоцијацијата на мали земји во Европа.
Повеќе информации и резултати ќе можете да најдете на http://etch.fri.is/

- состав на репрезентацијата на Македонија


(16 јуни 2011)

 

Младинците успешни на Балканијадата во планинско трчање

Репрезентацијата на Македонија настапи на 3-та Балканијада во планинско трчање која се одржа на 12 јуни во Димтровград, Србија.
- резултати


(14 јуни 2011)

 

АК Перпетумобиле од Скопје севкупен победник на Сениорскиот Куп

На 3 и 4 јуни (петок и сабота) во Охрид се одржи финалето од Купот на Македонија за сениори-ки. АК Перпетумобиле од Скопје е севкупен победник на Купот.
- резултати

- фото галерија од вториот ден

(7 јуни 2011)

 

Финале на Купот за сениори-ки на 3 и 4 јуни во Охрид

На 3 и 4 јуни (петок и сабота) во Охрид ќе се одржи финалето од Купот на Македонија за сениори-ки. Право на учество имаат првопласираните шест во секоја дисциплина од квалификациите. Овој натпревар ќе биде и последен натпревар на кој потенцијалните кандидати за репрезентацијата која ќе учествуваа на 18-19 јуни на Европското екипно првенство во Рејкјавик, ќе треба да ги потврдат своите резултати.
- известување

- сатница
- стартна листа

(31 мај 2011)

 

На 27 мај Државно првенство за пионери-ки во Охрид

На 27 мај (петок) во Охрид ќе се одржи Државно првенство за пионери-ки, а надвор од конкуренција ќе се одржат и неколку дисциплини за сениори кои ќе бидат критериум за избор на репрезентацијата на Македонија која ќе настапи на Европското екипно првенство, 3 лига, во Рејкјавик.
Натпреварите започнуваат во 11 часот на стадионот Билјанини извори. Пријавите да се испратат до канцеларијата на АФМ најдоцна до 26 мај (четврток) до 20.00 часот.
- известување за ДП за пионери-ки

- сатница

(25 мај 2011)

 

Резултати од квалификации за сениорскиот куп

На 21 и 22 мај во Скопје се одржаа квалификациите за сениорскиот куп на Македонија.
- резултати од квалификациите


(25 мај 2011)

 

На 21 и 22 мај во Скопје квалификации за сениорскиот куп

На 21 и 22 мај во Скопје на Националната Арена Филип 2 ќе се одржат квалификациите за сениорскиот куп на Македонија. Во сабот анатпреварите започнуваат во 11 часот а во недела во 10.30 часот. Пријавите да се испратат до канцеларијата на АФМ најдоцна до 20 мај (петок) до 16.00 часот.
Овој натпревар е еден од критериумите за состав на репрезентацијата која ќе учествува на Европското Екипно Првенство 3 лига во Рејкјавик.
- известување за квалификациите

- сатница

(17 мај 2011)

 

Македонија домаќин на конгресот на ЕАА во 2013 година

На Конгресот на Европската Атлетска Асовијација (ЕАА) кој се одржа во Лондон на 17 април, беше одлучено домаќин на следниот Конгрес на ЕАА, во 2013 година, да биде Атлетската Федерација на Македонија. Конгресот на ЕАА ќе се одржи од 13 до 15 април во 2013 година во Скопје. Денес веста беше објавена и на веб страната на ЕАА.
- кликнете тука за веста од ЕАА


(27 април 2011)

 

На 8 мај ДП во маратон во рамките на Скопскиот маратон

На 8 мај во рамките на Скопскиот маратон ќе се одржи Државно првенство на Македонија во маратон (сениори и сениорки). Право на учество ќе имаат сите регистрирани атлетичари-ки во АФМ. Рок за пријавување е 5 мај.
- информација за ДП во маратон


(27 април 2011)

 

Се одржа првиот натпревар во Охрид

На 23-ти април во Охрид се одржи првиот натпревар оваа година на атлетска патека, митинг “Отварање на сезоната“. Учествуваа околу 90 атлетичари од 9 клуба.
- резултати од Охрид


(26 април 2011)

 

ДП на 10.000 метри на 9-ти април во Велес

На 9-ти април на Градскиот стадион во Велес ќе се одржи Државно првенство на Македонија на 10.000 метри мажи и жени. Стартот за сениорите  е закажан за 17 часот, додека за сениорките во 18 часот.
- покана за ДП на Македонија на 10.000 метри


(5 април 2011)

 

АФМ доби душек за скок во височина и друга опрема

Раководството на Атлетската федерација на Македонија обезбеди донација за набавка на опрема.Средствата беа обезбедени од Норвешката Атлетска Федерација преку Норвешката Амбасада во Македонија и од Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА). Вкупната вредност на опремата е 8.500 евра.
Со средствата од Норвешката Атлетска Федерација беше набавен душек за скок во височина со  сите пропратни елементи кои следуваат (сталки, летва
, заштитна покривка), додека со средствата од ЕАА беа набавени штафетни палки и реквизити за фрлачките дисциплини (диск, ѓуле, копје, кладиво) по неколку парчиња од сите тежини. Опремата е од фирмата VINEX и е со сертификат од IAAF.

(20 март 2011)

 

Пот-претседателот на ЕАА и претседателот на АБАФ во Македонија

На 22 март (вторник) во посета на Македонија, а по покана на АФМ доаѓа претседателот на Норвешката Атлетска Федерација и пот-претседател на ЕАА, г-динот Свеин Арне Хансен. Co г-динот Хансен во Македонија доаѓа и г-динот Добромир Карамаринов, кој е претседател на Бугарската Атлетска Федерација и претседател на Балканската Атлетска Федерација (АБАФ). Предвидено е АФМ со Норвешката Атлетска Федерација и Бугарската Атлетска Федерација да потпише Меморандум за соработка за помош и развој на атлетиката во Македонија.

(19 март 2011)

 

Гоце Димовски на ЕП во фрлачки дисциплини

На 19-20 март во Софија (Бугарија) ќе се одржи 11-от Зимски Европски Куп во фрлачки дисциплини. За прв пат на едно вакво првенство ќе има и Македонија. Наш представник ќе биде Гоце Димковски член на АК Скок од Куманово, кој Зимско првенство на Македонија во фрлачки дисциплини кое се одржа во Охрид на 6 март имаше најдобар резултат. Димковски ќе настапи во дисциплината фрлање диск со свој личен рекорд од 41.12 метри.

(17 март 2011)

 

Резултати од БП во Крос

Резултати на учесниците на Балканското првенство во Крос трчање кое се одржа на 12 март 2011 год во Крагуевац, Р.Србија.
 

Презиме

Име

Датана раѓање

Дисциплина

Резултат

пласман

Митроска

Александра

1992

Јуниорки, 4 км

17:47

24 ( од 28)

-------------

------------

--------

---------

----------

--------

Ранчиќ

Милош

1992

Јуниори, 6 км

21:56

25 ( од 35)

Анчевски

Атанас

1992

Јуниори, 6 км

22:30

29 ( од 35)

Милчевски

Бојан

1992

Јуниори , 6 км

22:42

30 ( од 35)

Лозаноски

Велко

1994

Јуниори, 6 км

24:19

33 ( од 35)

------------

-----------

--------

-----------

----------

--------

Стојановски

Александар

1991

У 23  , 8 км

29:36

21 ( од 27)

Павловски

Огнен

1991

У 23 , 8 км

31:45

23 ( од 27)

-------------

------------

-------

-------------

----------

---------

Тасевска

Ениса

1977

Сениорки, 8 км

35:44

23 ( од 27)

Велјановска

Тања

1987

Сениорки, 8 км

36:34

24 ( од 27)

Ристеска

Фросина

1991

Сениорки, 8 км

-

днф

--------------

------------

--------

--------------

----------

---------

Кутаноски

Никола

1986

Сениори,10 км,

38:22

21 ( од 26)

Костов

Митко

1983

Сениори,10 км,

38:29

22 ( од 26)

Јакимовски

Игор

1976

Сениори,10 км,

38:59

23 ( од 26)

На натпреварот учествуваа 173 атлетичари-ки од 9 држави, кои се натпреварува во 6 дисциплини во поединечна и екипна конкуренција. Во екипен пласман нашите атлетичари го освоија 8то место.

(13 март 2011)

 

Репрезентацијата во Крос на Балканијада во Србија

На 12 март во Крагуевац (Србија) ќе се одржи Балканско првенство во Крос трчање на кое учество ќе земе и репрезентацијата на Македонија. Македонија на ова првенство ќе ја представуваат следниве атлетичари-ки:
Сениори / 10 км
Никола Кутановски (АК 7 Мај-Перпетумобиле), Игор Јакимовски (АК Работнички), Митко Костов (АК Маџари)
Сениорки / 8 км
Ениса Тасевска, Фросина Ристеска
(АК 7 Мај-Перпетумобиле), Тања Велјановска (АК Олимп)
Сениори до 23 години / 8 км
Александар Стојановски, Велко Лозаноски (АК 7 Мај-Перпетумобиле), Огнен Павловски (АК Скок)
Јуниори / 6 км
Милош Ранчиќ (АК Скок), Бојан Милчевски (АК Работнички), Атанас Анчевски (АК 7 Мај-Перпетумобиле)
Јуниорки / 4 км
Александра Митроска (АК 7 Мај-Перпетумобиле)


(9 март 2011)

 

Ефремов со личен резултат на ЕП во сала во Париз

Кристијан Ефремов е единствениот наш представник на Европското првенство во сала, кое од 4 до 6 март се одржува во Париз, Франција. Ефремов на 4 март настапи во квалификациите на 400 метри, пласирајќи се на 5 место во 3-та квалификациска група со резултат од 50.35 секунди што представува негов личен резултат постигнат во сала. Евремов во севкупен пласман беше 26-ти од 26 натпреварувачи. Евремов во Париз замина со најдобар резултат оваа сезона од 51.00 секунда.

(4 март 2011)



 

ДП во фрлачки дисциплини на 6 март во Охрид

На 6 март во Охрид со почеток во 11 часот ќе се одржи Државно првенство на Македонија во фрлачки дисциплини, кое ќе биде и изборен натпревар за Европското првенство во фрлачки дисциплини кое од 19 до 20 март ќе се одржи во Софија, Бугарија. Се повикуваат сите клубови најдоцна до 5 март да го пријават своето учество во канцеларијата на АФМ.

- пропозиции и известување за ДП во фрлачки


(
2 март 2011)

 

7-Мај Перпетумобиле екипен победник на ДП во крос

На 27 февруари во Скопје се одржа Државното првенство на Македонија во Крос. На првенството настапија околу 130 натпреварувачи од 15 атлетски клубови. Севкупен победник е 7-Мај Перпетумобиле од Скопје.

- комплетни резултати од ДП во крос


(
28 февруари 2011)

 

Тажна вест, почина атлетичарот Горан Стојанов

Денес во утриските часови почина атлетичарот Горан Стојанов. Пред неколку дена доживеа тешка собраќајна незгода, по неколку денови борба за живот потклекна на  тешките повреди, и не успеа да го издржи последниот маратон во неговиот живот.
ГОРАН СТОЈАНОВ
Роден на 02.04.1973 год, во Скопје, член на АК” Маџари “ од Скопје.

Репрзентативни учества на повеќе меѓунардони натпреври, маратони:
- 3 место на Балканско првенство во маратон, Белград 2008
- Учесто на Балканско првенство во крос, во Сурчин, 2009
- Учество на Светско првенство во планинско трчање , во Камподолчино 2009

Прв тренер со кого започна да тренира Душко Ангеловски.
До сега членувал во АК Маџари, Маратон клуб Делта. Прво учество на Маратонска трка во 2000 годina во Подгорица и има истрчано повеќе од 100 трки на полумаратон -маратон како во Македонија така и низ многу градови во Европа.

(
20 февруари 2011)

 

Државно првенство во крос на 27-ми февруари во Скопје

На 27-ми февруари во Скопје со почеток во 12 часот, АФМ ќе го организира Државното првенство во крос. Место на одржување Кеј на реката Вардар во Градски парк позади забавниот парк. Право на учество имаат сите регистрирани атлетичари-ки со извршен уреден лекарски преглед.
Дисциплини:
Мажи: сениори(12000м), постари младинци (8000м),помлади младинци (4000м), пионери (1500м)
Жени: сениорки (3000м), постари младинки (2000м), помлади младики (1500м), пионерки ( 1000м)

Пријавите да се достават во писмена форма во канцеларијата на АФМ најдоцна до 25.02.2011 (петок), до 16.00 часот, на факс 02- 3131325. или на е-
mail; kancelarija@afm.org.mk ; angelovski009@yahoo.com
Пријавите да содржаат:
Клуб, Име и Презиме, година на раѓање, дисциплина 

Технички состанок ќе се одржи еден час пред почетокот на кросот.
- известување
- пропозиции
- сатница


(1
7 февруари 2011)

 

Прогласени најдобрите за 2010 година

На 15 февруари во салата на КК Работнички се одржа прогласувањето на најдобрите атлетичари и тренери за 2010 година. Еве ги најдобрите по категории:




Категорија; ПИОНЕРИ
/ Софијан Рамадани , роден 1995 год.
член на АК”Тетово” Тетово , Најдобар резултат; 100м- 11.3,
3 место на 100м Првенство на Македонија за Млади младинци
Категорија- МЛАДИ МЛАДИНЦИ / Ицко Јанкоски, роден 1993 год,
член на АК”3-Ноември” Прилеп, Најдобар резултат;100м -11.17 ; 300м- 35.5
Првак на Македонија, 100м, 300м
Рекорд на Македонија на 300м- 35.5
Учество на Европско екипно 3 лига во Марса
Учество на Меѓународен Митинг “ Охрид 2010” во охрид,
Учество на Меѓународен Митинг “ Бар 2010” во Бар
Учество на Балканско првенство за Млади Младинци во Едрење
Категорија –МЛАДИНЦИ / Славчо Мирчевски, роден 1991 год.
член на АК” Охрид “ Охрид, Најдобар резултат; далечина- 7.05
Првак на Македонија, далечина
Рекорд на Македонија за Младинци;  далечина- 7.05
4 место на Митинг “ Охрид 2010” во охрид, трискок
5 место на Митинг “ Бар 2010” во далечина
Категорија – СЕНИОРИ / Реџеп Селман, роден 1986 год,
член на АК” Охрид” Охрид, најдобар резултат, трискок – 15.39 ( 981 бод )
Првак на Македонија ;  трискок, далечина
Учество на Европско првенство за Сениори во  Барцелона
Учество на Европско екипно 3 лига во Марса
3 место на Митинг “ Охрид 2010” во охрид, трискок
3 место на Митинг “ Бар 2010” во далечина
Категорија; ПИОНЕРКИ / Сермедије Љатифова, родена 1995 год,
член на АК” Лириа “ Скопје, Најдобар резултат; 400м- 1:02.22
Првак на Македонија за Млади младинци; 
Учество на Балканско првенство за Млади Младинци во Едрење
Категорија- МЛАДИ МЛАДИНКИ /Валбона Селеми, родена 1994 год,
член на АК” Лириа “ Скопје Најдобар резултат; 200м- 27.79, 100м – 13.27
Првак на Македонија, ( Млади младинци)  100м, 200м,
Учество на Квалификации на Европа за Олимписки игри за млади во Москва,
Учество на Балканско првенство за Млади Младинци во Едрење
Учество на Европско екипно 3 лига во Марса
Категорија –МЛАДИНКИ / Христина Ристеска, родена 1991 год,
член на АК”3-ти Ноември” Прилеп, Најдобар резултат; 400м- 58.10
Првак на Македонија, 400м, 800м
Учество на Светско првенство за Младинци во Монктон, 400м
Учество на Европско екипно 3 лига во Марса
Категорија – СЕНИОРКИ / Ивана Рожман, родена 1989 год,
член на ПАК”7-ми Мај” Скопје, Најдобар резултат; 100м- 12.44 ( 955 бода )
Првак на Македонија ( сениори) 100м, 200м
Учество на Европско првенство за Сениори, Барцелона 
Учество на Европско екипно 3 лига во Марса,
1 место на Митинг “Академик” во сала , Софија , 60м- 7.74
1место на Меѓународен митинг Охрид

Најуспешен тренер /Ѓорѓи Вучков , тренер на ПАК” 7-ми Мај “ од Скопје
ПАК” 7- Мај” Севкупен победник на Куп на Македонија за Сениори-ки
ПАК” 7-Мај” 2 место екипно на Куп на Македонија за Младинци

Перспективен тренер за работа со млади категории;
Рахман Алија, тренер во АК “Лириа“

Посебни признаија се доделија на:
Крсто Серафимовски, 45 години во атлетскиот спорт
Агенција за млади и спорт на Република Македонија
Македонски олимписки комитет
Дневните весници; Македонски
Спорт, Факти 

(15 февруари 2011)

 

Ноќна трка “Низ улиците на Скопје“ на 13 ноември

По повод денот на ослободувањето на градот Скопје на 13 ноември под покровителство на Град Скопје а во организација на АФМ ќе се одржи ноќна трка “Низ улиците на Скопје“. На програмата ќе бидат неколку трки во повеќе категории, а за најдобрите покрај медали и дипломи се предвидени и парични награди. Вкупниот награден фонд изнесува 50.500 денари.
Се повикуваат сите заинтересирани клубови да ги пријават своите атлетичари во канцеларијата на АФМ најдоцна до 13 ноември до 15.00 часот.
- програма и пропозиции за трката
- пријава за учество

(10 ноември 2010)

 

Државно првенство на 10.000 метри на 11 октомври во Велес

Атлетската Федерација на Македонија ги известува сите атлетски клубови дека на 11 октомври со почеток во 10 часот на Градскиот стадион во Велес ќе се одржи ќе се одржи Државно поединечно првенство на Македонија на 10.000 метри во машка и женска конкуренција. Пријавите да се достават писмено по емаил или факс до канцеларијата на АФМ најдоцна до 10 октомври.
- пријава за ДП на 10.000 метри

(06 октомври 2010)

 

Државно првенство за млади пионери-ки на 3 октомври во Скопје

Атлетската Федерација на Македонија ги известува сите атлетски клубови дека на 3 октомври со почеток во 11 часот на Националната Арена Филип Втори во Скопје ќе се одржи Државно поединечно првенство на Македонија за млади пионери-ки. Право на учество имаат сите регистрирани атлетичари во АФМ родени 1997 година и помлади. Пријавувањето е најдоцна до 2 октомври до 15 часот.
- пријава за поединечно првенство за млади пионери-ки
- сатница за натпреварот

(29 септември 2010)

 

АК Охрид севкупен победник на младинскиот Куп на Македонија

АК Охрид е севкупен победник во финалето на Купот на Македонија за младинци-ки кои на 24, 25 и 26 септември се одржа во Скопје и во Охрид.
Еве ги и пласманите на клубовите:
младинци
1. АК Охрид - Охрид / 61 бод
2. ПАК 7 Мај - Скопје / 40
3. АК Скок - Куманово / 34
младинки
1. АК Лириа - Скопје / 55 бода
2. АК 3-Ноември - Прилеп / 44
3. ПАК 7 Мај - Скопје / 20
севкупен пласман, младинци-ки
1. АК Охрид - Охрид / 75 бода
2. ПАК 7 Мај - Скопје / 60
3. АК Лириа - Скопје / 55

- комплетни резултати од финалето

(28 септември 2010)

 

Финалето на младинскиот Куп во Охрид

Финалето на Купот на Македонија ќе се одржи на 24, 25 и 26 септември. На 24 септември во Скопје со почеток во 16 часот ќе се одржи дисциплината скок во височина (мажи и жени), додека сите останати дисциплини ќе се одржат на 25 и 26 септември во Охрид, а натпреварите ќе започнат и двата дена во 10 часот и 30 минути. Право на учество имаат оние атлетичари-ки кои изборија пласман преку квалификациите.

- известување за сите атлетски клубови

- стартна листа за финалето на младинскиот Куп
- сатница за финалето на младинскиот Куп
- норми за бодување на младинскиот Куп

(20 септември 2010)

 

Резултати од квалификациите за младинскиот Куп

На 11 и 12 септември во Скопје се одржаа квалификациите за младинскиот Куп на Македонија. Првопласираните 6 од секоја дисциплина (освен во дисциплината 100 метри првите 12) обезбедија учество на финалето кое ќе се одржи на 25 и 26 септември во Охрид.
- резултати од квалификациите


(
14 септември 2010)

 

Сениорите подобри од 3 репрезентации на СП во планинско трчање

На 5 септември се одржа 26-то Светско првенство во планинско трчање во Камник (Словенија).
На ова СП настапија натпреварувачи од 39 земји од светот меѓу кои беше и репрезентацијата на Македонија.
Во конкуренција кај јуниорките имавме само една преставничка, Марија Стојчевска која на патеката долга 4,5 км постигна резултат од 31 мин. и 20 секунди што беше доволно за 45-то место од 51 натпреварувачка. Победничка во оваа конкуренција беше Јасмин Кан од Турција со време од 24:04 минути.
Единствен македонски представник кај јуниорите беше Александар Стојановски кој трчаше на патека долга 8,5 км. Стојановски постигна резултат од 58 минути и 51 секунда со што го освои 64 место во конкуренција на 76 натпреварувачи. Победник во оваа конкуренција беше Јосиф Андемајкл од Еритреа со време од 42 минути и 30 секунди.
Кај сениорките настапивме со една натпреварувачка, Весна Кираџиева која трчаше 8,5 км и постигна резултат од 1 час 21 минута и 18 секунди со што го освои последното (69) место во оваа конкуренција. Првото место и припадна на Андреа Маер од Австрија со време од 49 минути и 30 секунди.
Кај сениорите кои трчаа на патека долга 12 км. настапивме со комплетна екипа која се бодуваше и за екипен пласман. Во конкуренција на 149 натпреварувачи најдобар резултат постигна Александар Кираџиев со време од 1:16:37 (129 место), потоа следуваат Митко Костов 1:17:05 (132 место), Кокан Ајановски 1:18:19 (134 место), Игор Јакимовски 1:21:11 (137 место) и Ѓорѓи Трендафилов 1:24:04 (141 место). Победник кај сениорите беше Самсон Гашазги од Еритреа со време од 56:25. Екипно сениорите го зазедоа 21-то место во конкуренција на 24 тима, а позади нас се најдоа составите на Албанија, Монако и Црна Гора.


(
6 септември 2010)

 

Македонија на СП во планинско трчање во Словенија

На 5 септември во Камник (Словенија) ќе се одржи 26-то Светско првенство во планинско трчање. На ова првенство ќе настапат 39 земји од целиот свет меѓу кои е и Македонија. Боите на Македонија ќе ги бранат следниве репрезентативци-ки:
Сениори – 12 км
Ѓорѓи Трендафилов, Кокан Ајановски, Игор Јакимовски, Митко Костов, Александар Кираџиев

Сениорки – 8,5 км

Весна Кираџиева
Јуниори – 8,5 км
Александар Стојановски
Јуниорки – 4,5 км
Марија Стојчевска

Со репрезентацијата како водач на пат и делегат на 27-от Конгрес на Светската Асоцијација во планинско тчање замина и Зоран Димов.


(2 септември 2010)

 

Редовно Собрание на АФМ на 4 септември во Тетово

ИО на АФМ на својата седница одржана на 23 јули 2010 година го закажа Редовното Собрание на АФМ. Донесена беше одлука Собранието да се одржи на 4 сепември 2010 година во Тетово, во просториите на Општина Тетово, со почеток во 11 часот. Се повикуваат сите клубови да земат учество на ова Собрание. Материјалите за Собранието можете да ги преземете од следните линкови:
- Дневен ред
-
Записник од последното Собрание
-
Извештај за работата на АФМ во периодот од 2009-2010
-
Извештај од Надзорниот одбор
-
Список на клубови со право на глас
-
Табела на клубови кои учествувале во натпреварувачката сезона 2009
-
Полномошно за Собранието
-
Извештај од Селекторот
-
Извештај од Комисијата за улични трки, планинско трчање и маратони
-
Извештај од Судиска комисија
-
Извештај од Натпреварувачка комисија
-
Предлог за промена на Правилник за регистрација и премин на атлетичари
-
Предлог за промена на Пропозиции за следна натпреварувачка сезона


(25 август 2010)

 

Резултати од Балканијада за млади младинци-ки во Турција

На 7 август (сабота) во Едирне (Турција) се одржа Балканско првенство за млади младинци-ки (до 17 години). Еве ги резултатите на македонските атлетичари-ки:
младинци
100 м. - Ицко Јанкоски – 11.47 / 6 место од 7
400 м. - Ицко Јанкоски – 51.95 / 6 место од 7
800 м. - Стефан Стефаноски – 2:17.24 / 7 место од 7
1500 м. - Тоше Георгиев – 4:37.96 / 7 место од 7
3000 м. - Гзим Имери – 10:11.64 / 7 место од 7
110 м. со пречки - Никола Митковски – 18.71 / 7 место од 7
височина - Никола Зарковски – 170 цм. / 6 место од 6
далечина - Марио Новоселски – 5.42 метри / 6 место од 6
ѓуле - Горан Трајанов – 12.41 метри / 7 место од 7
диск - Спасе Петровски – 36.86 метри / 7 место од 7
копје – Спасе Петровски – 42.26 метри / 9 место од 9
4 х 100 метри – Р.Пандев, И.Јанкоски, М.Новоселски, А.Филиповски – дисквалификувана
младинки
100 м. - Валбона Селими – 13.60 / 7 место од 7
400 м. - Сермедие Латифова – 1:03.30 / 8 место од 8
800 м. - Ангела Терзин – 3:00.82 / 6 место од 6
3000 м. - Марија Стојчевска – 12:21.26 / 5 место од 5
100 м. со пречки - Росана Арсовска – 17.93 / 8 место од 8
височина - Надица Јовановиќ – 150 цм. / 7 место од 7
далечина - Дрита Ислами – 4.62 метри / 7 место од 7
ѓуле - Фиданка Василева – 8.34 метри / 7 место од 7
диск - Фиданка Василева – 27.52 метри / 7 место од 7
копје - Маргарита Арсовска – 39.30 метри / 5 место од 7
4 х 100 метри – Е.Филкова, В.Селими, Д.Ислами, С.Латифова – 52.18 / 7 место од 7

- комплетни резултати од младинци
- комплетни резултати од младинки


(8 август 2010)

 

Младите младинци-ки на Балканијада во Турција

На 7 август (сабота) во Едирне (Турција) ќе се одржи Балканско првенство за млади младинци-ки (до 17 години). Боите на Македонија на ова првенство ќе ги бранат следниве младинци: Ицко Јанкоски (100 м., 400 м., 4 х 100 м.), Стефан Стефаноски (800 м.), Тоше Георгиев (1500 м.), Гзим Имери (3000 м.), Никола Митковски (110 м. со пречки, 4 х 100 м.), Никола Зарковски (височина), Марио Новоселски (далечина), Горан Трајанов (ѓуле), Спасе Петровски (диск, копје), Ристе Пандев (4 х 100 м.) и Антонио Филиповски (4 х 100 м.).  Кај младинките ќе настапат: Валбона Селими (100 м., 4 х 100 м.), Сермедие Латифова (400 м., 4 х 100 м.), Ангела Терзин (800 м.), Ајсел Аметовска (1500 м.), Марија Стојчевска (3000 м.), Росана Арсовска (100 м. со пречки, 4 х 100 м.), Надица Јовановиќ (височина), Дрита Ислами (далечина), Фиданка Василева (ѓуле, диск), Маргарита Арсовска (копје) и Елизабета Филкова (4 х 100 м.).

(5 август 2010)

 

Рожман и Селман без лични рекорди на ЕП во Барцелона

Реџеп Селман во квалификациите во дисциплината троскок на 20-то издание на Европското Првенство во атлетика за сениори-ки кое од 27 јули до 1 август се одржa во Барцелона прескокна 15.39 метри со што го изедначи најдобриот негов резултат во оваа сезона, а беше покус само за 7 сантиметри од македонскиот рекорд кој е во негова сопственост. Селман го завзема 27 место во квалификациите од 28 натпреварувачи.
Во квалификациите на 100 метри Ивана Рожман настапи во 2-та квалификациска група и постигна резултат од  12.90 секунди што е за 46 стотинки послабо време од нејзиното најдобро постигнато во оваа сезона, и 83 стотинки послабо од нејзиниот личен рекорд. Рожман го завзема 31 место во квалификациите од 31 натпреварувачка.

(2
9 јули 2010)

 

Рожман и Селман на ЕП за сениори-ки во Барцелона

Од 27 јули до 1 август во Барцелона (Шпанија) ќе се одржи 20-то издание на Европското Првенство во атлетика за сениори-ки.
На ова првенство Атлетската федерација на Македонија ги испрати моментално најдобрите атлетичари, а тоа се Ивана Рожман која ќе настапи на 100 метри и Реџеп Селман кој ќе настапи во трискок, со нив за Барцелона замина и тренерот Влатко Димитров.
Прв на првенството ќе настапи Реџеп Селман во квалификациите во трискок кои на програмата се на 27 јули (вторник) во 20.20 часот. Најдобриот резултат на Селман оваа сезона е 15.39 метри, додека неговиот личен рекорд изнесува 15.46 метри којвоедно е и македонски рекорд во оваа дисциплина.
Ивана Рожман својот настап во квалификациите на 100 метри ќе го има на 28 јули (среда) со почеток во 10.40 часот. Најдобриот резултат на Рожман оваа сезона е 12.44 секунди, додека нејзиниот личен рекорд изнесува 12.07 секунди.

На ЕП во Барцелона ќе учествуваат 1.370 атлетичари-ки од 50 земји што представува рекордна бројка. На последното ЕП, во Гетеборг, учествуваа 1.288 атлетичари-ки од 48 земји.

(2
5 јули 2010)

 

Христина Ристеска 58.80 секунди во квалификациите на 400 м. на СП во Канада

Во квалификациите на 400 метри на 13-то Светско првенство во атлетика за младинци-ки (до 19 години), кое од 19 до 25 јули се одржува во Монктон (Канада), настапи единствената наша преставничка, Христина Ристеска. Ристеска постигна резултат од 58.80 секунди (нејзиниот личен рекорд е 57.87 секунди постигнат минатата година на Балканијадата во Грција, оваа година нејзиното најдобро време е 58.10 секунди), со што го зазема 7 место во нејзината група или во вкупен пласман беше 36-та од вкупно 38 натпреварувачки.
Најдобро време во квалификациите на 400 метри постави Шон Милер од Бахамите со резултат од 52.45 секунди.

(21 јули 2010)

 

Христина Ристеска ќе ја претставува Македонија на СП за младинци-ки

Од 19 до 25 јули во Монктон (Канада) ќе се одржи 13-то Светско првенство во атлетика за младинци-ки (до 19 години).
Атлетската федерација на Македонија на ова Светско првенство ја испрати моментално најдобрата младинка Христина Ристеска од АК “3-Ноември“ од Прилеп. Христина Ристеска во Монктон ќе настапи во дисциплината 400 метри, нејзиниот најдобар резултат во оваа дисциплина е 57.87 секунди постигнат минатата година, а најдоброте време на Ристеска во 2010 година е 58.10 секунди. Квалификациите на 400 метри, трката во која ќе настапи Ристеска, се на 20 јули во 16:35 по македонско време. Ристеска во Канада замина со нејзиниот тренер Ѓорѓија Гешовски.
На 13-то Светско првенство во атлетика за младинци-ки учество ќе земат 1439 млади атлетичари-ки од 174 земји од целиот свет.


Повеќе информации за СП во Монктон (Канада) може да најдете на веб страната www.moncton2010.ca

(18 јули 2010)
 

Поединечно првенство за младинци-ки

На 27 јуни (недела) со почеток во 15.30 часот во Скопје ќе се одржи Поединечно првенство на Македонија за младинци-ки, родени 1991 и помлади. Пријавите да се испратат до канцеларијата на АФМ најдоцна до 26 јуни.

- известување за натпреварот

- сатница за натпреварот

(23 јуни 2010)
 

12 место за Македонија на Европското Екипно во Малта, 3-та лига

Македонската атлетска репрезентација го освои 12-то место од вкупно 15 репрезентации на 2-то Европско Екипно Првенство, 3-та лига, кое се одржа на 19 и 20 јуни во Марса (Малта). Најдобар пласман од нашите атлетичари забележаа Реџеп Селман (5 место во троскок) и Јованче Јанковски (5 место во скок во височина) кај мажите, и Александра Митроска (6 место во 3000 м. стипл), Ирена Темова (6 место во скок во височина) и Ивана Рожман (7 место на 100 м.) кај жените.
Највредни резултати, според ИААФ табелата за вреднување на резултатите, забележаа Реџеп Селман во трискок со прескокнати 15.11 метри (951) и Ивана Рожман на 100 метри со резултат од 12.53 секунди (941).

Резултати од македонските атлетичари-ки кои настапија во Малта

Екипен пласман, мажи и жени, ЕЕП 3-та лига:

1. Данска 519 бода (се пласираа во 2 лига за следна година)
2. Бугарија 508.5 (се пласираа во 2 лига за следна година)
3. Кипар 480
4. Исланд 400
5. Босна и Херцеговина 365.5
6.
Азербејџан 364
7. Луксембург 341.5
8. Ерменија 324
9. Малта 287.5
10. Грузија 232
11. Црна Гора 214
12. Македонија 210
13. Андора 163
14. Албанија 107
15. ААССЕ (
Лихтенштајн, Монако, Сан Марино) 94

Комплетни резултати од Малта, кликни тука.


(20 јуни 2010)

 

Македонија на Европско Екипно Првенство во Малта, 3-та лига

На 19 и 20 јуни во Марса (Малта) ќе се одржи 2-то Европско Екипно Првенство во атлетика, 3-та лига, на кое учество ќе земе и репрезентацијата на Македонија. Покрај нашата земја во 3-та лига се натпреваруваат и Албанија, Андора, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Босна и Херцеговина, Кипар, Данска, Грузија, Исланд, Луксембург, Црна Гора, Малта и Асоцијацијата на мали земји од Европа (Лихтенштајн, Монако, Сан Марино). Боите на Македонија  на ова Европско Екипно Првенство ќе ги бранат следниве атлетичари-ки:
МАЖИ
- Ицко Јанкоски (100 м., 4 х 100 м.)
- Кристиан Ефремов (200 м., 400 м., 4 х 100 м., 4 х 400 м.)
- Бојан Милчевски (800 м., 4 х 400 м.)
- Никола Кутановски (1500 м., 3000 м. стиплчез)
- Ѓорѓи Трендафилов (3000 м., 5000 м.)
- Јованче Јанковски (скок во височина, 110 м. со пречки)
- Блаже Љушев (400 м. со пречки)
- Селман Реџеп (троскок, скок во далечина, 4 х 100 м.)
- Васил Најдов (ѓуле, диск)
- Дејан Ангеловски (копје, кладиво)
- Роберто Стевиќ (4 х 100 м.)
- Огнен Павловски (4 х 400 м.)
ЖЕНИ
- Ивана Рожман (100 м., 200 м., 4 х 100 м.)
- Христина Ристеска (400 м., 4 х 100 м., 4 х 400 м.)
- Фросина Ристеска (800 м., 1500 м., 4 х 400 м.)
- Ениса Тасевска (3000 м., 5000 м.)
- Александра Митреска (3000 м. стиплчез, 4 х 400 м.)
- Росана Арсовска (100 м. со пречки)
- Ирена Темова (400 м. со пречки, скок во височина)
- Александра Спасеска (скок во далечина, троскок, 4 х 100 м.)
- Јулијана Вељаноска (ѓуле, диск, кладиво)
- Радмила Соколовска (копје)
- Валбона Селими (4 х 100 м., 4 х 400 м.)

Со репрезентацијата за Малта заминаа и селекторот Влатко Димитров, како и тренерите Ѓорѓија Гешовски, Божурка Ѓошевска, Рахман Алија и Филип Колевски.

Повеќе информации за 2-то Европско Екипно Првенство во атлетика, 3-та лига, може да дознаете на веб страната на првенството www.etch-marsa2010.com

(
16 јуни 2010)

 

Поединечно првенство за сениори-ки на 13 јуни во Охрид

На 13 јуни во Охрид ќе се одржи поединечно првенство на Македонија за сениори-ки. Натпреварот ќе започне во 15 часот и 30 минути. Пријавите да се достават до канцеларијата на АФМ на факс 02/3131325 или на емаил kancelarija@afm.org.mk или angelovski009@yahoo.com најдоцна до 12 јуни.

- известување за поединечно првенство за сениори-ки

- сатница за поединечно првенство за сениори-ки

(08 јуни 2010)

 

ПАК 7-Мај севкупен победник на сениорскиот Куп на Македонија

ПАК 7-Мај од Скопје е севкупен победник на Купот на Македонија за сениори-ки кој изминатиов викенд се одржа во Охрид. Второто место во севкупен пласман му припадна на АК Охрид од Охрид, додека третото место го освои АК 3-Ноември од Прилеп.
За одбележување се и двата постигнати рекорди во младински категории. Славчо Мирчевски (роден 1991 год.) од АК Охрид го собори македонскиот рекорд за младинци (до 19 години) во дисциплината скок во далечина со прескокнати 7 метри и 5 сантиметри. Претходниот рекорд беше во сопственост на Васил Бачовски со прескокнати 7,01 метри постигнат во 1982 година.
Ицко Јанкоски (роден 1993 год.) од АК 3-Ноември го собори македонскиот рекорд за млади младинци (до 17 години) во дисциплината 100 метри со резултат од 10. 6 секунди мерен рачно. Претходниот рекорд мерен рачно беше во сопственост на Сокол Сачевски со време од 10.7 секунди постигнат во 1978 година.


- резултати од финалето на Купот на Македонија

(07 јуни 2010)
 

Финале на Купот на Македонија за сениори-ки

Финалето на Купот на Македонија за сениори-ки ќе се одржи во Охрид на 5-6 јуни (сабота и недела). Заради технички причини (немање душек во Охрид) дисциплината скок во височина ќе се одржи во Скопје на 4 јуни (петок) на Националната Арена Филип 2.
Пласман за финалето изборија првопласираните 6 во секоја дисциплина од квалификациите.


- информации за финалето на Купот на Македонија

- сатница за финалето на Купот на Македонија

(31 мај 2010)
 

Државно првенство во планинско трчање, изборно за ЕП

На 30 мај (недела) со почеток во 9.00 часот во Скопје на планината Водно ќе се одржи Државно поединечно првенство во планинско трчање, кое воедно ќе биде и изборен натпревар за Европското првенство во планинско трчање кое ќе се одржи на 4 јули во Бугарија.
Сите заинтересирани за учество на ова првенство треба да бидат во 8.00 часот на паркингот на Средно Водно каде што и ќе се врши пријавувањето.

- информации за ДП во планинско трчање

(26 мај 2010)
 

Поединечно првенство за пионери-ки

На 29 мај (сабота) со почеток во 15.30 часот во Велес ќе се одржи Поединечно првенство на Македонија за пионери-ки, родени 1995 и помлади. Пријавите да се испратат до канцеларијата на АФМ најдоцна до 28 мај.

- пријава за пионери

- сатница за пионери

(26 мај 2010)
 

Резултати од квалификации за Куп на Македонија

Резултати од првиот и вториот ден од квалификациите за Купот на Македонија за сениори-ки.
Првопласираните 6 од секоја дисциплина обезбедија пласман во финалето на Купот на Македонија.

- резултати од 1 ден

- резултати од 2 ден

(22 мај 2010)
 

Селими на Европските квалификации за YOG 2010 во Сингапур

Од 21 до 23 мај во Москва ќе се одржат атлетските Европски младински олимписки квалификации за првата Летна Младинска Олимијада која од 14 до 26 август ќе се одржи во Сингапур. На овие кавлификации ќе учествуваат 811 атлетичари-ки од 47 земји од Европа, меѓу кои е и Македонија со свој представник. Атлетската федерација на Македонија на овие квалификации ја испрати Валбона Селими која ќе настапи во трката на 100 метри на 21 мај. Селими е родена во 1994 година а нејзинито најдобар резултат на 100 метри е 13.27 секунди. Селими во Москва замина со нејзиниот тренер Алија Рахман.
Официјалната страна за Европските младински олимписки квалификации е
http://www.eyot.rusathletics.com

(19 мај 2010)
 

На 16 мај Сергеј Бубка ќе ја отвори новата атлетска патека во Охрид

Од 15 до 17 мај на покана на АФМ во Македонија ќе присуствува г-динот Сергеј Бубка, сеуште актуелен светски рекордер во скок со стап, кој во моментов извршува неколку функции меѓу кои ПодПретседател на ИААФ, Претседател на Украинскиот Олимписки Комитет, член на Извршниот Одбор на Меѓународниот Олимписки Комитет, итн.
Г-динот Бубка доаѓа во Македонија по повод отварањето на новата атлетска патека во Охрид и како промотер на 1-от Меѓународен Атлетски Митинг “Охрид 2010“.
Новата атлетска патека во Охрид е проект кој заедно го реализираа АФМ и МОК, а е донација од ИААФ (Меѓународната Асоцијација на Атлетски Федерации), ИАФ (Меѓународната Атлетска Фондација), ЕОК (Европскиот Олимписки Комитет) и Мондо (италијанска компанија која ја посатви патеката). Во подготовката за подлогата со свои средства помогна и Агенцијата за млади и спорт на Македонија.
1-от Меѓународен Атлетски Митинг “Охрид 2010“ ќе се одржи на 19 мај со почеток во 17 часот, организатор на митингот е АК Охрид во соработка со Атлетската федерација на Македонија, а е помогнат од Европската Атлетска Асоцијација (ЕАА).

Отварањето на атлетската патека ќе се случи на 16 мај со почеток во 10 часот со присуство на г-динот Сергеј Бубка, а веднаш после тоа ќе се одржи натпреварот Светски ден на атлетика за млади малдинци-ки.

На 17 мај со почеток во 10.30 часот во Хотелот Александар Палас ќе се одржи прес конференција на која ќе говори Претседателот на АФМ, г-динот Цветко Грозданов и ПодПретседателот на ИААФ, г-динот Сергеј Бубка.

Погледнете ја биографијата на г-динот Сергеј Бубка

(13 мај 2010)
 

Претседателот на ЕАА, Хансјорг Вирц ја посети Македонија

Од 4 до 5 мај на покана на АФМ во посета на Македонија беше Претседателот на ЕАА, Хансјорг Вирц. Претседателот имаше средба со членовите на Извршниот Одбор на АФМ на кој се запозна со проблемите со кои се среќаваме, ја посети Арената Филип Втори за која истакна дека кога ке се постави атлетска патека може да конкурира за одржување на некое Европско првенство. Вирц го посети и Охрид и беше воодушевен од новата атлетска патека и од капацитетите кои ги има градот Охрид. Вирц оствари средба со директорот на Агенцијата за млади и спорт, г-дин Диме Спасов.
“Атлетската патека е од најсовремен тип, а арената „Филип Втори“ нуди одлична можност за атлетски натпревари кога ќе биде готова. Верувам дека еден ден ќе бидете организатори и на големо атлетско меѓународно натпреварување, но ќе мора уште да вложите во самата инфраструктур“, истакна Вирц на прес конференцијата пред неговто заминување од Македонија.

   

(06 мај 2010)